• Ул. 7 Бр.181 Долно Лисиче, Скопје
  • +389 75 435 776 | +389 75 221 218

Системи за пожар

Делта МКС

Системи за пожар

Централа за автоматска детекција на пожар
sistem-pozar1

 

Противпожарната централа за автоматско гасење на пожар е дизајнирана за брза детекција на пожар и активирање на систем за гасење со гас, прашак, аеросоли итн. По детектирање на сигналот од автоматските детектори или рачните јавувачи, централата дава наредба за активирање на сигнални, вентилациони уреди. Истата може преку периферни додатоци за неа да активира гасење со и без контрола. Максимален број на линии за јавувачи – детектори изнесува 32(со проширувачи). Централата поседува излезни линии за звучно известување - сирени, линија за сирена на состојба за гасење и линија за гасење.  Дигитален лед екран со текстуални пораки како и светлосно известување за состојба на системот. Резервно батериско напојување за батерии 2х12V DC (батериите не се вклучени).
 

Автоматски јавувачи на пожар
sistem-pozar2

 

Автоматските јавувачи на пожар се делат на две групи: конвенционални и адресабилни, во зависност од системот кој се користи. Во секоја од групите постојат јавувачи за термичка, оптичка и комбинирана детекција на пожар.
Термичките јавувачи го детектираат пожарот со достигнување на одредена температура.
Оптичките јавувачи го детектираат пожарот со влез на честички од дим – чад во самиот јавувач.
Комбинираните термичко – оптички јавувачи го детектираат пожарот со исполнување на еден од претходните услови.
Автоматските јавувачи се поставуваат во зависност од просторијата која треба да се заштити според одредени стандарди за заштита од пожар.
 

Подножје на автоматски јавувач за детекција на пожар
sistem-pozar3

 

 

 

 

 

Подножјата се разликуваат во зависност од типот на јавувачот за детекција на пожар.
 


Јавувач за рачно известувањес во случај на пожар
sistem-pozar4

 

 

 

 

Рачниот јавувач се активира со кршење на стаклото и притискање на копчето поставено во него. Постојат повеќе типови на рачни јавувачи во зависност од просторијата во која се поставува.
 

Индикатор
sistem-pozar5

 

 

 

Индикаторот се поставува паралелно со јавувачот на пожар пред просторијата каде што е поставен автоматскиот јавувачот на пожар за светлосно известување во случај на пожар во просторијата.


Сирена
sistem-pozar6

 

 

 

 

Сирените се користат за звучно, светлосно известување во случај на пожар. Тие се делат на два типа: внатрешни и надворешни, во зависност од местото на поставеност. Можат да бидат и комбинирани со додадена светлосна сигнализација.


 
Самостоен јавувач на пожар со вграден детектор, сирена и индикатор
sistem-pozar7

 

 

 

 

Постојат два вида на самостојни јавувачи на пожар: детекција на чад и детекција на јаглен моноксид. Користат своја внатрешна батерија која во зависност од јавувачот се менува или се полни. Најчесто се користат во домовите.

 

 

ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАР СО СО2 – ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД

СО2 системите за гаснење на пожари се користат за заштита на објекти во кои што се чуваат запалливи течности, гасови како и електро опрема. СО2 системите го гаснат пожарот преку намалување на концентрацијата на кислородот во просторот.
“СО2” системите можат да бидат :
•    Под висок притисок, каде што гасот се чува во боци под висок притисок
•    Под низок притисок, каде што гасот се чува во резервоари под низок притисок кој се одржува со разладен уред.
“СО2” системите можат да се применуваат за :
•    Волуменско гаснење на простории
•    Локално гаснење на одредени делови од поголеми простории
“СО2” системите, својата типична примена ја наоѓаат во заштита на фарбари, дизел агрегати, трансформатори, електро опрема, печатници, силоси, транспорт на јаглен и др.
Активирањето на “СО2” системот може да се врши :
•    Автоматски, преку централа, со двојна зависност на активирање на зони на јавување, време на задоцнување и можност за блокирање на гаснењето;
•    Полуавтоматски, преку притискање на прекинувач за активирање на гаснењето;
•    Рачно, преку рачниот активатор, директно од боцата со гасот.

co2-1.jpg co2-2.jpg co2-3.jpg co2-4.jpg galerija1.JPG galerija2.jpg galerija3.jpg galerija4.JPG

 
FM-200
Системи за автоматско гаснење на пожари
Системите за гаснење на пожар со FM200 се користат за заштита на објекти во кои што е сместена специфична и скапа опрема, каде што не смее да има прекин во работењето, како и оштетување на истата во случај на активирање на средството.При тоа е потребно ефикасно гаснење, брзо дејствување, да не биде опасно по здравјето на луѓето кои што се наоѓаат во неговата околина, како и да не биде штетно по животната средина.FM200 системите зафаќаат мал простор на складирање на истите и може да се сместат во самиот штитен простор.
Типична примена:
За заштита на Сервер простории, телекомуникациска опрема, контролни и командни простории, банки, архиви, музеи, цркви и сл.
Средството за гаснење FM200, се складира во соодветни боци, каде што се наоѓа во течна состојба, компримирана со азот на притисок од 25 бари. Од боците преку соодветен вентил со електромагнетно или пневматско активирање, преку цевководот и млазниците се исфрла во штитениот простор. Времето на празнење на целокупниот систем изнесува помалку од 10 секунди. Проектирањето на системот се врши согласно со стандардите за чисти средства за гаснење на пожари. Притоа проектната концентрација на гаснење е помала на опасната концентрација за луѓето. За оваа цел користиме соодветен софтвер за димензионирање, а во примена се стандардите ISO17020 или NFPA 2001.
Конфигурацијата на системите се врши со централа за контрола на гаснењето, детектори за пожар, прекинувачи за активирање како и светлосни и звучни сигнализатори.
Активирањето на системот може да се врши :
•    Автоматски, преку централа, со двојна зависност на активирање на зони на јавување, време на задоцнување и можност за блокирање на гаснењето;
•    Полуавтоматски, преку притискање на прекинувач за активирање на гаснењето;
•    Рачно, преку рачниот активатор, директно од боцата со соодветниот гас.
Боците за FM200 се изработени согласно стандардот EC Directive 84/527/EEC. Големината на боците за складирањена гасот е со димензии: 8, 16, 32, 52, 106, 147 и 180 литри.
Типот на млазниците за исфрлање на гасот FM200 е следниот :
•    Странични 180°С, со седум отвори. Максимален радиус на опфат на една млазница изнесува 9 метри.
•    Радијални 180°С, со седум отвори, Максимален радиус на опфат на една млазница изнесува 9 метри.
Дијаметарот на отворите на млазницата се димензионира соодветно за секој систем.
За сместување на поголеми количини на гас можат да се прават комбинации во сместување во повеќе боци и колекторска цевка. Притоа едната боца е пилот со електрично активирање, а останатите боци се активираат пневматски.
Од секоја боца се користат супервизорски контакти за контрола на притисокот во боцата, како и пресостат за активирање на гасот кој се сместува на излез од боцата на цевководот.
Секој систем има табли и налепници со ознаки за предупредување и користење на системот.
  FM200_sist2.jpg FM200_siste1.jpg fm200-1.jpg fm200-2.jpg fm200-3.jpg
 

ДЕЛТА МКС - Скопје е специјализирана компанија во доменот на противпожарна заштита. Како компанија постои од 1998г, и успешно напредува во противпожарната заштита следејќи ги светските технологии, иновации и стандарди.

Следете не